TemplateMAX - free joomla templates download.

Напишано од UNIFGRAND.mk
Посети: 3733
Печати
 
Со јасни и прецизни насоки во работењето, УНИФГРАНД за кратко време прерасна во претпознатлив и бренд кој има најголем број на модели и видови на производи од текстил. Добавените материјали имаат европско потекло и се од врвни производители, а асортиманот е голем по широчина и длабочина. Овие елементи од нашето работење ги постигнуваме преку оптимизација на сопствените работни капацитети лоцирани во Штип.
 
Располагаме со преку 500 различни производи наменети за сите дејности и најразлични професии. Работиме со почит и секогаш сме на услуга на клиентот кој има избор на вистинска разноврсност од аспект на производство, но и консултанска услуга за избор на најдобрата униформа за работниот кадар.
 
Ние ја живееме нашата визија, а Вие на едно место добивате се што Ви е потребно: различни типови на брендирани работни и заштитни униформи како и работна заштитна опрема.
 
Нашата предност е врвно сопствено производство, високо квалитетни материјали, брзи рокови на испорака, можности за изработка на производи по желба на коминтентот, најголем избор на производи, почитување на договорените елементи, а Вие со тоа добивате локализирана набавка која директно влијае кон намалување на Вашите трошоци како и заштеда на време.Тука сме да предложиме идејни решенија без разлика за која професија се работи.
 

УНИФГРАНД - ЗА СЕКОЈА ПРОФЕСИЈА.

partner banner

facebook-logo-square skype-s twitter-bird2-square